scroll
НЕВЕРОЈАТНИ 3Д СПЕЦИЈАЛИСТИ - Неизбежно беше да тргнеме на ова патување со цел да му понудиме на македонскиот пазар сè што е поврзано со 3Д технологиите - печатачи, потрошен материјал и 3Д услуги. Компанијата нуди големо портфолио на 3Д печатачи со висок квалитет, како и материјали, обуки, консалтинг и други услуги. Специјализирани сме за FDM, SLS и SLA технологии, а ги употребуваме според потребите на клиентот. Ги советуваме клиентите за секој еден детал и им помагаме при избор на соодветната технологија и вистинскиот материјал. Не се ограничуваме само на една технологија или материјал. Имаме огромен избор на бои на располагање. 3Д ХАБ ОПРЕМА
Сите наши услуги може да се користат заедно или посебно со цел да добиете производ со навистина најповолно решение. Уникатниот пристап на 3Д Хабот ја поддржува Вашата цел, без разлика колку и да се сложени Вашите потреби.
Имаме најразлични процеси кои може да се применат кај Вашиот проект/производ.
Сè започнува со една идеја. Визијата и неколку цртежи се доволни за да се објасни концептот и да се употребат придобивките кои ги нуди 3Д печатењето. До појавувањето на оваа технологија беше практично невозможно идејата да се реализира за толку кратко време.
Креирање на 3Д компјутерски модел кој верно ја претставува и целосно ја дефинира идејата. Ова е првата фаза на визуелизација која претрпува многукратни промени пред да ја добиеме финалната верзија. Се препорачува да се направат повеќе решенија, затоа можете да го изберете најдоброто преку тестирање на прототипите.
Дизајнот на прототипот и верификација во реално време. Речиси како правило, со грешките и подобрените решенија кои ќе ги пронајдеме и кои ги вклучуваме во почетниот 3Д модел, се докажа дека можеме да ги избегнеме трошоците кои можеби би ги имале подоцна.
Кога ќе се усоврши прототипот, правењето на калапи и масовното производство веќе не се под никаков ризик. За помали серии и персонализирани производи, 3Д печатењето може да биде подобро и поекономично решение.
Курс од 6 недели каде посетителите ќе можат да ги искусат очекувањата, техниките и знаењето кое е потребно за 3Д моделирање на малку поразличен начин, преку практична работа на 3Д печатачи.
See CoursesЗамисли да можеше едноставно да притиснеш „печати“ и сè што некогаш ти текнало, требало или ќе ти треба, да го создаде. Мислам СЕ. Ова не е научна фантастика... тоа е скоро 100% можно благодарение на 3Д печатењето. Можеш да превемеш готов модел или креираш свој, го подготвуваш за 3Д печатење, потоа го испраќаш на 3Д печатачот и по некое време имаш вистински предмет. Во овој курс ќе ги научиш сите фази на 3Д печатење, од нејзината историја, техники и начини за најдобро печатење, користејќи "slicers", па дури и да манипулираш со процесот на 3Д печатење преку измена на "gcode". Научи како да создадеш и испечатиш прототип или производи, па дури и да испечатиш функционални и комплексни предмети за твојот дом, канцеларија, па дури и уникатни подароци за твоите пријатели.
Научи како да направиш 3Д модел во 3ds Max, правилно да подготвиш и печатиш 3Д модели, разбери како работат 3Д принтерите (FDM), научи како да користиш софтвер за „slicing“ за правилно 3Д печатење, ќе можеш да го избереш вистинскиот 3Д печатач FDM за себе и уште многу ...
Овозможуваме услуги како што се 3Д скенирање на човек и изведба на селфи. Користиме совршена комбинација на најновите техники за 3Д скенирање заедно со револуционерната технологија наречена 3Д печатење. Мини ти им ја дозволува на луѓето можноста да ги зачуваат сеќавањата, моментите и лицата кои им се драги на начин кој не постоел досега, сочувувајќи ги како доста детална 3Д скулптура која ќе си ја чуваат со години.
See MiniMeПогледнете ги нашите проектни модели кои беа направени и произведени во нашиот Хаб.
See Our Work