1Повеќе за курсот
2Програма
3Аплицирај

Повеќе за курсот

Курсот е димензиониран така што најпрво се запознаваме со основите на 3Д моделирање и 3Д печатење, потоа под менторство на професорите кои се сертифицирани Autodesk 3DS Max Professional, секој студент изработува модели врз кој во текот на курсот се прават практични вежби преку изучување на софтвер за моделирање и подготовка на моделот и правилно 3Д печатење.
Покрај теоретската настава, предвидена е повеќе практична настава и вежби со опремата со која располагаме во Хабот, преку која полесно и појасно ќе ги стекнете вештините на 3Д моделирање и 3Д печатење. Хабот располага со повеќе модели и големини на 3Д принтери кои користат различна технологија и имаат различни спецификации со што полесно ке се изучи хардверскиот дел како и технологијата на 3Д печатење.
Практичната настава и вежби вклучуваат изработка на 3Д модели под менсторство на професорите со што се изучуваат најразлични алатки за 3Д моделирање, 3Д принтање на модели со кои полесно се изучува технологијата на принтањее, правилна припрема и користење на 3Д принтерот, производство на филамент од различни материјали каде појасно ке се изучат материјалите за 3Д печатење, нивните својства и намена.
На крајот од курсот секој слушател има можност за професионален ангажман од страна на 3Д Хаб!

Време: 6 недели


Фонд на часови: 36


Ниво: почетно


Сертификација: меѓународен Autodesk сертификат


Инструктор: Autodesk Certified

Што ке научиш и со што ке се стекнеш по обуката

По успешно завршената обука, се стекнуваш со:

- Меѓународно признаен сертификат, издаден од Autodesk.
- Професионален ангажман од страна на 3Д Хаб
- Своја веб продавница каде може да ги пласираш своите 3Д модели и продукти
- 3 Месеци Бесплатно Членство во 3Д Хаб
- Дополнителни попусти за останантите курсеви и услуги на 3Д Хаб

По успешно завршената обука, ќе научиш:

- Изработиш 3Д модел во 3ds Max
- Правилно подготвиш и испечатиш 3Д модели
- Разбереш како работат 3Д принтерите (FDM)
- Користиш “slicing” софтвер за правилни 3Д печатења
- Избереш правилен FDM 3Д принтер за себе



Дознај повеќе за веб платформата преку која можеш да ги продаваш твоите 3Д модели и 3Д продукти изработени во 3Д Хабот. Во целиот овој процес, 3Д Хаб ке ти помогне и промовира твоите уникатни и креативни производи.
Дознај повеќе за програмата на професионален ангажман од 3Д Хаб и придружини се професионално во 3Д светот.

Во секој циклус на обуки 6 студенти ке добијат бесплатна обука по принципот "Прв дојден, прв услужен".
Секој посетител на овој курс добива вредносен ваучер за останатите курсеви и бесплатно членство од 3 месеци во Хабот со кои следат големи поволности и услуги.