3Д производи и индустриски дизајн

Креирајте производи кои отскокнуваат од оние на Вашата конкуренција. Кажете ни на време и ние ќе го направиме успешен Вашиот процес.

Ние се фокусираме на сите придобивки кои се стекнуваат од поседувањето и употребата на одреден производ.

Тоа значи креирање на производи кои функционираат правилно, изгледааат многу добро и предизвикуваат чувства кај купувачот, така што тој се чувствува убаво и на подсвесно ниво. Ова значи дека со самиот производ му ги задоволуваме емоционалните потреби на купувачот.

Одвојуваме време за да ја запознаеме Вашата компанија, купувачите и целите на дизајнот. Потоа дизајнираме производи кои Вашите купувачи обожаваат да ги користат. Истовремено внимаваме на Вашиот бренд, целите на компанијата и нејзиното постоење.

service-img
circle image

ТВОЈОТ ПРЕДИЗВИК

Корисниците на Вашите производи стануваат еколошки посвесни секој ден. Потрошувачите знаат дека самото пуштање на вода, вклучувањето на светло или возењето на одреден тип на возило има поголемо влијание од очигледното.

На индустриско ниво компаниите имаат еколошки цели и обврски. Нештата како количината на употребена енергија, отпадот и долговечноста на производот стануваат значително важни.

Нашите дизајнери на производи се блиски соработници со дизајн инженери со цел да вметнат естетика во инженерингот за да можат да ги услужат овие едуцирани потрошувачи, а истовремено да ги исполнат целите на индустријата.

circle image
circle image
НАШИОТ ПРОЦЕС

Во 3Д Хабот, пристапот за дизајн на производите се сведува на три главни области:

1

Проверка

Побарувањата на дизајнот мора да се проценат и мора да се направат приоритети уште на самиот почеток. Фазата на производот во циклусот на потрошувачот, Вашата позиција на пазарот и очекувањата на потрошувачот, сите тие влијаат на дизајнот на производот. Тука стапува во игра процесот наречен Priority RocketTM. Научете повеќе за процесот подолу.

2

По обработката

Лошото дефинирање на производот на почетокот е клучен фактор во 80% од сите одложени испораки на пазарот. Работиме напорно за да ги дефинираме точно Вашите потреби и да се осигураме дека Вашиот проект ќе биде завршен во рокот.

3

Направи CAD

Во 3Д Хабот, користиме единствен пристап; веруваме дека за да се искористи најдоброто од процесот на дизајн на производот треба да го усогласите вистинскиот дизајнер со вистинскиот тип на производ, во вистински идеалната фаза на дизајн. За да се осигураме дека сме ги добиле најдобрите резултати, во некои случаи, може да воведеме наш дизајнер за да ни помогне во стилизирањето веднаш штом ќе бидат дефинирани побарувањата за производот.

circle image
circle image
Без оглед на потребите на вашиот 3Д производ и индустриски дизајн, ние сме тука да ви помогнеме.

Контактирајте нè сега за да видиме како можеме да му помогнеме на Вашиот проект.

Get in touch