CAD моделирање

Погрешни цртежи можат секогаш да Ве однесат во лоша насока. Во најлош случај, може да го попречат и загрозат можниот успех на Вашиот проект.

Во најмала рака ќе Ве чинат вредно време и пари. Доколку пронајдете грешки во дизајнот дури во фазата на производство, ќе бидете присилени да ја повторите фазата на дизајнирање.

Моделирањето со компјутерска поддршка на дизајнот - CAD во 3Д Хабот ќе Ви помогне да ги отстраните овие проблеми. Ќе Ви помогнеме да ги намалите трошоците за дизајн преку зголемување на севкупната точност на дизајнот во најрана фаза.

Со самата точност уште на почетокот, Ви помагаме да го подобрите квалитетот на Вашиот дизајн и го намалуваме времето од почеток до производство. Може да работите побрзо и со повеќе смелост.

service-img
circle image

НАЈСОВРЕМЕНИ АЛАТКИ

3Д Хабот употребува најнов CAD софтвер и редовно ги следи најдобрите и најнови принципи на дизајнирање. Сè со цел да обезбедиме најдобри услуги за нашите клиенти. За Вас креираме решенија за дизајн на производи кои внимаваат многу како на формата, така и на функционалноста.

Штом ќе ги завршиме, 3Д CAD фајловите со компонентите за Вашиот производ леснo може поединечно да бидат извадени и доставени директно до производителот. Кога е потребно, може да се вклучат и детални физички инженеринг цртежи кои можеме да ги обезбедиме и до големина A0.

Без разлика дали сакате цврста изработена компонента или елегантна органска површина, 3Д Хабот е тука за да го поддржи Вашиот проект. Ќе направиме дизајн и ќе ја креираме Вашата визија во CAD. Бидете сигурни дека тоа ќе стане готово решение за производен дизајн. Искусни сме во CAD.

circle image
circle image
Ние сме тука да Ви помогнеме околу сè за Вашето CAD моделирање.

Контактирајте нè сега за да видиме како можеме да му помогнеме на Вашиот проект.

Get in touch