Ласерско гравирање и сечење

Нашите машини за дигитална ласерска обработка на материјал можат да сечат со помош на ласер, можат да гравираат и маркираат речиси на било кој материјал. Обезбедуваме услуги на истражување и развој, инженеринг, продажба, маркетинг и сериска изработка на делови.

Малку повеќе околу нашите услуги за ласерска обработка:

Ласерско сечење - Со нашите индустриски машини за ласерско сечење можеме да сечеме речиси секаков вид на материјал во бараната форма. Ласерската технологија е најдобрата алатка за задоволување на спецификации со мала толеранција за неточност.

Ласерско гравирање и редирање - Обезбедуваме плитко или длабоко гравирање на речиси секаков материјал. Може да се примени за гравирање на дрво и стакло, сериска изработка и универзална идентификација. Работиме со индустрии како авионската, автомобилската, индустријата за електроника и медицината.

Ласерско маркирање - Нашиот процес на ласерско маркирање обезбедува алфанумерички карактери кои може да ги прочита човек и/или машина, 1D/2D баркодови, логоа, знаци, итн. Понатаму, ласерското маркирање на фотографии со 1-допир е уникатна апликација за маркирање/гравирање на дигитални фотографии на Вашиот материјал.

service-img
circle image

ШТО Е ЛАСЕРСКО СЕЧЕЊЕ И ГРАВИРАЊЕ?

Ласерско сечење, ласерско гравирање и прилагодено ласерско редирање се дигитални методи за изработка кои се на Ваше располагање во нашиот 3Д Хаб.

Ласерското сечење е изведена производна технологија која употребува ласерски зрак со голема пропустна моќ за да сече плочести материјали. Компјутерот го насочува ласерот да ја следи линијата за сечење во Вашиот дигитален дизајн. Ласерот со огромна прецизност вапоризира линија на сечење низ материјалот, правејќи финиш на работ за сечење под 90 степени со огромен квалитет.

Ласерското гравирање е слично, но наместо да се употребува ласерскиот зрак за да се сече низ плочест материјал, тој ја гравира површината на материјалот. Следејќи ја линијата за гравирање или зоната во Вашиот дигитален дизајн, ласерот вапоризира тенок слој на површината на материјалот, изложувајќи го она што се наоѓа одоздола и оставајќи жиг кој може да варира во интензитет од лесен со акрил до поизразен на материјали кои може повеќе да се горат, како дрвото.

circle image
circle image
ПРЕДНОСТИ НА ЛАСЕРСКАТА ОБРАБОТКА

1

Маркирајте/испечатете сè што ќе посакате

Речиси секој 2Д дизајн и вид на фајл може да бидат испечатени од Вашиот софтвер за дизајн. Односно од Adobe® Illustrator®, Adobe® Photoshop®, AutoCAD®, SOLIDWORKS®, DraftSight® и многу други. Понатаму, форматите на фајлови како .DXF и .PDF може да се внесат во Универзалниот контролен панел - UPC.

2

Брзо време на обработка

Можеме да сечеме, гравираме и маркираме во еден чекор. Понатаму, можеме да гравираме или маркираме слика со голема резолуција на Вашиот материјал. Со самиот факт дека нашите ласерски системи можат да извршат доста различни видови на операции во еден единствен чекор, ние можеме да го обработиме Вашиот дел побрзо од другите снабдувачи на оваа услуга.

3

Обработка на речиси сите видови на материјал

Бескрајна количина на видови на материјали е компатибилна со нашиот ласерски систем, како пластика, метали, силиконска гума, текстил, композит, лепила за ламинирање и други напредни материјали, овде именувавме само неколку.

circle image
circle image
Ние сме тука да Ви помогнеме околу сè за Вашето ласерско гравирање и сечење.

Контактирајте нè сега за да видиме како можеме да му помогнеме на Вашиот проект.

Get in touch