Машински дизајн

Во 3Д Хабот, експерти сме за забележување на идеите на нивниот пат од спецификација, па се до финалната испорака на пазарот, како и за се што се случува за време на тоа патување.

Правиме концепт од деловите кои треба да се спојат и да направат еден производ, па потоа правиме нацрт користејќи ги алатките за компјутерска поддршка за дизајн или CAD.

Нашето искуство во машински дизајн Ви обезбедува вклученост на сите потребни аспекти во процесот на дизајнирање.

Значи, може да бидете сосема сигурни дека сите области се поминати и да се фокусирате слободно на крајната испорака на Вашиот проект.

service-img
circle image

Машински дизајн

Машинскиот дизајн се прави врз основа на физичките компоненти кои се составен дел на производот. Постојат многу аспекти кои се клучни и треба да се земат предвид за да бидеме сигурни дека проектот ќе биде профитабилен. Тука се вбројуваат големината и формата на компонентите, изборот на соодветни материјали како и соодветните методи на производство и монтажа.

Кај вистински добро проценет проект, мора да се земат предвид цело едно мноштво на фактори. Тука се вклучени обемот на производство што може да влијае на пропорционалната заштеда на трошоци, еколошките фактори и обврски, применетото оптоварување, брзината на движење, трошоците, па дури и законската регулатива.

Нашето искуство со проекти за машински дизајн значи дека сме способни да ги земеме предвид сите овие поврзани фактори, со цел да испорачаме решение кое ќе одговара на Вашиот бизнис, моменталната состојба и целите.

circle image
circle image
Ние сме тука да Ви помогнеме околу сè за Вашиот машински дизајн.

Контактирајте нè сега за да видиме како можеме да му помогнеме на Вашиот проект.

Get in touch