Смоли за SLA и LCD 3Д печатење — стандардни, тврди, флексибилни и специјални. Anycubic, Elegoo, CopyMaster3D и Creality.Кој тип за што:Стандардна смола — за фигурини, макети и модели каде изгледот е важен, а механичката јачина не. Најевтина и најлесна за печатење.ABS-like / Tough — поиздржлива и помалку кршлива, за делови што се склопуваат и трпат ракување.Flex — гумена, за заптивки и делови што се виткаат.Water washable — се мие со вода наместо со изопропил алкохол. Значително поудобна за домашна употреба.Стоматолошки и лиени смоли — за професионална примена, со соодветна сертификација.Секоја смола бара свои поставки за експозиција. Ако менуваш бренд или тип, направи тест за калибрација пред големо печатење.Смолата се чува подалеку од сончева светлина и на собна температура. Затворена, трае со години.

