Bambu Lab R1 · 55W CO₂ ласер
Сечење и гравирање на професионално ниво – директно од вашето биро
R1 е првиот самостоен CO₂ ласерски секач и гравер од Bambu Lab. Ја носи истата прецизна контрола на движење од нивните 3D принтери во машина што сече дрво, проѕирен акрил и кожа, а гравира стакло, камен и обоен метал.


55WCO₂ ласер
600×300mm работна површина
1000mm/s макс. брзина
20 mmакрил во еден премин
TriSense систем
Знае каде е материјалот пред да започне
Пред секое сечење, R1 пресметува каде се наоѓаат материјалот и дизајнот, колку е висока површината и како ќе се движи главата. Камерите, ласерите и енкодерите работат заедно – со точност на позиционирање под 0,2 mm.
- BirdsEye камера – преглед на целата работна површина
- Toolhead камера – прецизно лоцирање на објектот
- Pinpoint ласер – ја означува точката директно на материјалот
- Ласер за мерење растојание – автоматски фокус, и на закривени површини
- XY енкодери – ја следат позицијата на главата во реално време
Без рачно штелување

Моќ на CO₂ ласер, едноставност на Bambu Lab
Алгоритмите за движење се пренесени од 3D принтерите на Bambu Lab и прилагодени за ласер.
Автоматско порамнување на зракот
Оптичкиот пат се порамнува автоматски – нема рачно штелување огледала како кај класичните CO₂ ласери.

Компензација на вибрации
Чисти рабови и остри детали и при максимална брзина од 1000 mm/s и забрзување од 20.000 mm/s².
Моќност синхронизирана со брзина
Јачината на ласерот се усогласува со брзината, за рамномерно гравирање без потемнети или бледи делови.
Еден ласер, повеќе материјали
Од шперплоча до стакло
Сече и гравира:
ДрвоАкрил (вкл. проѕирен)КожаТекстилХартијаEVA сунѓерШколка
Само гравира:
СтаклоКерамикаКаменОбоен метал
До 15 mm шперплоча од црн орев со стандардната леќа, односно 18 mm со средна/долга леќа, и до 20 mm акрил во еден премин.
Проширете ги можностите
Проекти долги до 3 метри
Со Conveyor додатокот, R1 обработува материјал до 600 × 3000 mm – доволно за работа во размер на мебел. Со Rotary додатокот гравирате чаши, шишиња и цилиндрични предмети.
- Conveyor (автоматски погон на материјал)
- Riser Base
- Rotary за цилиндрични предмети
- Средна и долга фокусна леќа
- Vision Encoder
- E1 Pro прочистувач на воздух
Додатоците се продаваат одделно.
Технички спецификации
| Тип на ласер |
CO₂, 55W, бранова должина 10.600 nm |
| Работна површина |
600 × 300 mm (600 × 3000 mm со Conveyor) |
| Макс. брзина / забрзување |
1000 mm/s / 20.000 mm/s² |
| Точност на позиционирање |
< 0,2 mm |
| Апсолутна точност на движење |
< 0,1 mm на 600 mm (со Vision Encoder) |
| Големина на точка |
0,11 mm кратка · 0,17 mm средна · 0,19 mm долга леќа |
| Макс. дебелина на сечење |
20 mm акрил · 15 mm шперплоча (18 mm со средна/долга леќа) |
| Безбедност |
Class 1 ласерски производ во стандардна затворена конфигурација |
| Екран |
Колор екран на допир |
| Поврзување |
Dual-band Wi-Fi, USB |
| Софтвер |
Bambu Suite (Windows, macOS) |
| Димензии |
940 × 560 × 200 mm |
| Тежина |
33,5 kg |
| Макс. влезна моќност |
780 W |
Спецификациите се според објавените податоци на Bambu Lab и може да се менуваат.