3Д скенери за реверзен инженеринг, контрола на квалитет и дигитализација на предмети. Од хоби модели до индустриски системи — Shining 3D, Revopoint, Creality и 3DMakerpro.Скенерот претвора физички предмет во 3Д модел што потоа можеш да го измениш и испечатиш. Најчеста примена кај нас: изработка на резервен дел што повеќе не се произведува, копирање на калап, и дигитализација за архива.Како да избереш. Клучни се точноста и големината на предметот. За ситни делови со фини детали треба скенер со точност под 0.1 mm. За големи предмети — статуи, делови од возила, простории — важни се обемот на снимање и брзината.Сјајни, темни и проѕирни површини се тешки за секој оптички скенер. За нив се користи спреј што исчезнува сам за неколку часа — AESUB, го имаме во асортиманот.Скенерите се опрема каде презентацијата вреди повеќе од спецификациите. Закажи термин и донеси го предметот што сакаш да го скенираш.