Филаменти за 3Д печатење — PLA, PETG, ABS, ASA, TPU, најлон и композити со јаглеродни влакна. Над 60 артикли од Polymaker, Bambu Lab, Raise3D, eSun, CopyMaster3D, Creality и Ultimaker.Кој материјал ти треба зависи од делот:PLA е најлесен за печатење и најдобар за почеток — фигури, макети, декорација. Не бара греана комора.PETG издржува повеќе и не е кршлив — за држачи, кутии и делови што трпат оптоварување.ABS и ASA поднесуваат температура и сонце; ASA е изборот за делови што стојат надвор.TPU е флексибилен — заптивки, футроли, делови што треба да се виткаат.Композитите со јаглеродни влакна (PLA-CF, PETG-CF, PA-CF) даваат крутост блиску до метал за инженерски делови.Стандардот е калем од 1 kg со дијаметар 1.75 mm, компатибилен со речиси секој FDM принтер. За Bambu Lab со AMS систем имаме и RFID калеми што принтерот сам ги препознава.Филаментот е хигроскопен — влагата ја расипува површината и предизвикува пукања. Чувај го во затворена кутија со силика гел, или земи сушилник од делот со додатоци.Достава низ цела Македонија, подигање во салонот во Скопје.